Movatterモバイル変換


[0]ホーム

URL:


Прејди на содржината
ВикипедијаСлободна енциклопедија
Пребарај

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што можесекој да ја уредува. Моментално има вкупно158.949 статии намакедонски јазик и400 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град воФранција, поПариз,Марсеј,Лион иТулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција наСредоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш задМарсеј.

Градот е нареченNice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означуваУбавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманотПриморски Алпи и втор најголем град во регионотПрованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победатаНика. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение наСавоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување конФранција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е19февруари2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1878 Томас Едисон го патентиралфонографот, претходник награмофонот.
1905 ВоПариз излегол првиот број на весникот „Македонија“.
1921 Склучен е првиот од пактовите со коиФранција настојуваше да обезбеди хегемонија воЕвропа - сојуз соПолска противГерманија и со Малата Антанта дејствуваа многу силно врз европската политика.
1945 Започнала големата битка натихоокеанскиотостровИво Џима, која се водела меѓуармиите наСАД и наЈапонија.
1959 Потпишана еЛондонската спогодба меѓуВелика Британија,Грција иТурција за независност наКипар.
1968 Започнал судскиот процес на група родители против компанијата „Дистилер“, која го произведувала лекот „талидомид“.
1994 ВоСкопје е основаноМакедонско-американско здружение за пријателство и соработка.
1996 ВоЊујорк официјално започна со работагенералниот конзулат наРепублика Македонија.
1996 Советот на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името „Македонски театарски фестивал“.
2021 Порфириј е устоличен како патријарх наСрпската православна црква.

Родени:

1473 Никола Коперник — полскиастроном.
1743 Лујџи Бокерини — италијанскикомпозитор ивиолончелист.
1875 Димо Хаџи Димов — македонскиреволуционер.
1876 Константин Бранкуси — романски вајар.
1895 Лика Чопова-Јуркова — македонскипедагог и публицист, внука наГоце Делчев.
1896 Кирил Јанчулев — генерал вобугарската армија.
1896 Андре Бретон — француски писател.
1912 Адолф Рудницки — полски писател.
1922 Тодор Димитровски — македонскилингвист.
1935 Јосип Генералиќ — хрватски сликар.
1940 Смоки Робинсон — американскисоул-музичар.
1951 Трајан Мартиноски — македонскипоет.
1952 Данило Турк — претседател наСловенија.
1954 Сократес — бразилскифудбалер.
1954 Јура Стублиќ — хрватски и југословенски пејач, член нарок-групата „Филм“ (Film).
1955 Дејвид Мареј — американскиџез-музичар.
1957 Јохан Холзек - Фалко — австрискипоп ирап пејач.
1960 Момчило Бајагиќ-Бајага — српскипоп-рок пејач.
1962 Хана Мандликова — чешкатенисерка.
1966 Енцо Шифо — белгискифудбалер.
1979 Игор Митрески — македонскифудбалер.
1985 Јеле Ванендерт — белгискивелосипедист.
1989 Ридигер Зелиг — германскивелосипедист.
1993 Мауро Икарди — аргентински фудбалер.
1994 Владимир Цупара - српскиракометар.
1995 Никола Јокиќ - српскикошаркар.

Починале:

1923 Иван Тавчар — словенечки писател иполитичар.
1951 Андре Жид — француски писател, добитник наНобеловата награда во1947 година.
1952 Кнут Хамсун — норвешкиписател.
1962 Јоргос Папаниколау — грчкицитопатолог, творец на т.н.ПАП-тест.
1997 Денг Сјаопингпремиер на НР Кина.
2008 Наталија Бесмертнова — примабалерина наБољшој театар од1961 до1995 година.
2016 Умберто Еко — италијански писател ифилозоф.
2019 Карл Лагерфелд — моден творец.
2021 Ѓорѓе Балашевиќ — српскипоп-музичар.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“,Петре М. Андреевски,1980 год.

Слика на денот

Обични зебри (Equus quagga) во Националниот парк Мапуто, Мозамбик.
Дали сте знаеле...


Потполковникот Јошинори Јамагучи во камиказе-напад
Потполковникот Јошинори Јамагучи во камиказе-напад


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места кадемногу различни доброволци работат заедно за да напишатенциклопедии на различни јазици. Овој проект претставуваенциклопедија намакедонски јазик и моментално има158.949 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна ислободна за употреба.Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиотвовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Главна_страница&oldid=5495126

[8]ページ先頭

©2009-2026 Movatter.jp