Гравитациски бран — бранување назакривеноста навреме-просторот кој се придвижува какобранови, кои се движат од изворот. Можноста за постоење на гравитациски бранови е првпат спомната во 1893 година од страна наОливер Хевисајд кој ја искористил споредбата меѓу обратнопропорционалноста на квадратот на законите за гравитација и електричество. Во 1905 годинаАнри Поанкаре прв ги преложил гравитациските бранови (ondes gravifiques) кои се оддадени од тела и се движат со брзина на светлината според Лоренцовите трансформации. Нивното постоење е предвидено во 1916 година од страна наАлберт Ајнштајн врз основа на теоријата наопштата релативност, гравитациските бранови ја пренесуваат енергијата како „гравитациско зрачење“. Постоењето на гравитациските бранови е можна последица наЛоренцовата коваријанса наопштата релативност бидејќи ја воведува идејата за конечна брзина на движењето и физичките заемодејства со тоа движење. За споредба, гравитациските бранови не можат да постојат воЊутновата теорија за гравитација, која тврди дека физичките заемодејства се движат со бесонечни бризини.
... дека песната „Благуњо дејче, пожаранче“ ја опева неостварената љубов на Аце Абаџијата кон познатата убавица Благуња Ѓолова (1889 - 1956), родум од гостиварскоПожаране?
... врвот на вулканотЧимборасо во Еквадор е најоддалечената точка на Земјата од нејзиното средиште?
... дека хемискиот елементиндиум (In) не е наречен по Индија, туку по бојатаиндиго која ја оддава приспектроскопско набљудување?
Пропадна првиотамерикански обид за лансирање автоматска сонда наВенера. Ракетата лансирана одКејп Канаверал наФлорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира.
Најголемиотколумбиски производител и трговец со дрогаПабло Ескобар побегнал од затвор. Убиен е во декември следната година воМедељин, во престрелка со полицијата.