Просечно глобално покачување на морското ниво со текот на времето
Покачување на морското ниво — појава при којашто доаѓа до покачување наморското ниво како последица наклиматските промени. Помеѓу1900 и2017 година, просечното глобално ниво наморето се зголемило за 16-21 цм. Попрецизни податоци собрани од мерењата на сателитски радар откриваат забрзан пораст од 7,5 см од 1993 до 2017 година (во просек за 2,9 мм годишно). Ова забрзување се должи најмногу наклиматските промени, кои вклучуваат загревање на океанот и топење на копнените ледени плочи иледниците. Помеѓу 1993 и 2018 година, топлинското ширење на водата придонела за 42% за зголемување на нивото на морето; топење наумерените ледници, 21%;Гренланд, 15%; иАнтарктикот, 8%.Климатолозите очекуваат стапката дополнително да се забрза во текот на21 век, при што најновите мерења велат дека нивото на морето во моментов се зголемува за 3,6 мм годишно.
Проектирањето на идното ниво на морето е предизвик, поради сложеноста на многу аспекти наклиматскиот систем и временските заостанувања во реакциите на нивото на морето на промените на температурата на Земјата. Бидејќи климатските истражувања во минатото и сегашното ниво на морето доведуваат до подобрени компјутерски модели, проекциите постојано се зголемуваат. Во 2007 година,Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) проектирал највисока проценка од 60 цм до 2099 година, но нивниот извештај од 2014 година ја зголемил највисоката проценка на околу 90 цм. Голем број подоцнежни студии заклучиле дека глобалното покачување на морското ниво од 200–270 цм овој век е „физички веродостојно“. Конзервативната проценка на долгорочните проекции е дека секојЦелзиусов степен на пораст на температурата предизвикува пораст на нивото на морето за приближно 2,3 м во период од два милениуми (2.000 години): пример за климатска инерција. Во февруари 2021 година, еден труд објавен во Ocean Science сугерирал дека минатите проекции за глобалното покачување на нивото на морето до 2100 година, пријавени од IPCC, најверојатно се конзервативни и дека нивото на морето ќе се зголеми повеќе од претходно очекуваното. (Дознајте повеќе...)
... дека пред да стапи во римската војска, царотМаксимин во младоста билтракиски овчар и разбојник?
... дека во 1000 г.Охридската патријаршија излегувала на 4 мориња (Егејско, Јонско, Јадранско и Црно)?
...дека скопскатаСаат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен во XVI век од новоосвоениот градСигет во Унгарија?
... дека според месното предание,Ѓаволскиот Ѕид настанал когаЃаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја преградиБрегалница и за една ноќ да го потопи целоОвче Поле?
Воспоставена е прватателефонска врска меѓуЛондон иПариз. Првата телефонска линија воЕвропа беше отворена во1877 година воБерлин, воГерманија. Пет години подоцнаБерлин ја доби првата телефонска централа само со 48 претплатници. Тоа беа почетоците на телефонскиот сообраќај кој со голема брзина го освои светот.
Властите наАР Крим објавуваат независност одУкраина и доставуваат барање да станат федерална единица на Русија какоРепублика Крим, притоа распишувајќи референдум кој завршува со огромна поддршка за предлогот.