Хосе де Сан Мартин е роден воЈапеју,Кориентес, во денешнаАргентина, но уште додека бил мал, на 7 годишна возраст, заминал заМалага воШпанија каде го започнал своето образование. Подоцна, во 1808 година, кога избилаПолуостровската војна помеѓуФранција иШпанија, Хосе де Сан Мартин зел учество во истата. Следствено на тој ангажман, Сан Мартин стапил во контакт со јужноамерикански подрржувачи на независноста на Јужна Америка од Шпанија. Во 1812 година тој заминал заБуенос Аирес и ги понудил своите способности и својата служба наОбединетите покраини на Рио де ла Плата, современа Аргентина. ПоБитката на Сан Лоренцо, тој организирал план за пораз на шпанската армија, која ја притискала Аргентина од север, користејќи алтернативен пат прекуВицекралството Перу. Целите првично биле да се основа нова армија,Армија на Андите, воКујо, Аргентина. Оттука, тој го предводелпреминувањето на Андите воЧиле и забележал победа воБитката на Чакабуко иБитката на Маипу. Како резултат на тие две победи била обезбеденанезависноста на Чиле. По тој успех, Сан Мартин кренал кон напад на шпанскиот бастион воЛима,Перу.
Сан Мартин се смета за национален херој на Аргентина и Перу и еден од ослободителите (libertadores) на Јужна Америка. Денес аргентинската влада својата највисока медаља, или одликување, го именува како „Орден на ослободителот Генерал Сан Мартин“. (Дознајте повеќе...)
... дека францускиот двокрилец од марката „Потез 29“ (Potez 29) станал првиот комерцијален патнички авион во Македонија, кој почнал да го опслужуваСкопскиот аеродром во 1928г. со превозникот „Аеропут“?
ВоСолун, е основанаМакедонска револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет.
Втора светска војна: Кај гратчетоЕл Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување воСеверна Африка.
Втора светска војна: ВоФилипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата наСАД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби.