Генетиката се справува со прашања какви што се молекуларната градба и функција на гените, однесувањето на гените во контекст наклетка илиорганизам (на пример,доминантност иепигенетика), закономерностите на наследување од родителите до потомството, како и генската дистрибуција, варијација и промена вопопулациите. Поради тоа што гените се универзални за сите живи организми, генетиката може да се користи за проучување на сите живи системи, одвируси добактерии, прекурастенијата идомашните животни, дочовекот (како што е во медицинската генетика).
Фактот што живите суштества наследуваатбелези од нивните родители е користен уште од праисториските времиња за да се подобрат земјоделските растенија и животни по пат населективно размножување. Меѓутоа, современата наука генетика, која се обидува да го сфати процесот на наследување, е зачната со работата наГрегор Мендел во средината наXIX век. Иако тој не ја познавал физичката основа на наследноста, Мендел воочил дека организмите наследуваат белези преку дискретни единици на наследувањето кои денес се нарекуваат гени. (Дознајте повеќе...)
... дека песната „Благуњо дејче, пожаранче“ ја опева неостварената љубов на Аце Абаџијата кон познатата убавица Благуња Ѓолова (1889 - 1956), родум од гостиварскоПожаране?
... врвот на вулканотЧимборасо во Еквадор е најоддалечената точка на Земјата од нејзиното средиште?
... дека хемискиот елементиндиум (In) не е наречен по Индија, туку по бојатаиндиго која ја оддава приспектроскопско набљудување?
Налондонскиот стадион „Вембли“ и на стадионот „Џон Кенеди“ воФиладелфија,САД во исто време беа одржани големите хуманитарни концерти под името „Лајв ејд“ (Live Aid). Во акцијата за помош на гладните воАфрика, која ја организирашеБоб Гелдоф, најпознатиот рок и поп-музичар во светот, собрани се 60 милионидолари, а ТВ-преносот од концертите го следеа околу милијарда и пол гледачи ширум светот.