Сараево — главен град наБосна и Херцеговина и нејзин најголем урбан, културен, економски и транспортен центар. Градот Сараево се состои од четири општини: Центар, Нови Град, Ново Сараево и Стари Град. Според прелиминарните податоци од пописот во2013 година воБосна и Херцеговина, во Сараево живеат 275.524 жители додека со околината, која вклучува дел од општината Илиџа, живеат вкупно 463.992 лица.
Поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“. До крајот наXX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба. Низ градот тече рекатаМилјацка, а во близина на градот се наоѓаат и изворите на реката Босна, каде се наоѓа популарното излетничко место Врело Босна. Град Сараево е седиштето на најголемата високообразовна институција во земјата, Универзитетот Сараево, како и голем број на други високообразовни институции, што го прави еден од најголемите универзитетски центри во целиот регион наЈугоисточна Европа. Во1914 година во Сараево бил убиен австроунгарскиот престолонаследникФранц Фердинанд кое довело до започнување наПрвата светска војна. Седумдесет години подоцна, во1984 година, во градот се одржалеXIV Зимски олимписки игри. Во почетокот на 1990-тите години, името на градот Сараево било испишувано постојано од дневните весници во целиот свет, бидејќи во регионот се одвивала една од најголемите војни во најновата европска и светска историја. (Дознајте повеќе...)
... дека во местотоПрора на островотРиген воГерманија е изградено одморалиште кое претставува најголемиот угостителски објект во светот со сместивост од 20.000 легла?
... дека францускиот двокрилец од марката „Потез 29“ (Potez 29) станал првиот комерцијален патнички авион во Македонија, кој почнал да го опслужуваСкопскиот аеродром во 1928г. со превозникот „Аеропут“?
ВоСкопје, во киното „Култура“, филмските работници на Македонија го организираа првиот филмски преглед. Во него е прикажан секојдневниот живот во републиката, активностите на градежништвото, прославата на 9 септември воПиринска Македонија и бербата на памукот во Струмичко. Сниматели беаТрајче Попов иБлагоја Дрнков.