Градоначалникот Шилегов позитивен на COVID-19
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на својот Facebook профил објави дека е позитивен на новиот коронавирус.

„Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се преземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од COVID-19.
Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому.
Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.
Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.
Чувајте се и чувајте ги другите околу вас“, напиша Шилегов.
реклама
- 12 минути
- 1 минута
- 35 минути
- 38 минути
- 43 минути
Македонија

Силјановска-Давкова: Потребен е Национален регистар на дијаспората за да го знаеме точниот број на иселеници
Вести













